|
MakBiz.net е интернационален интернет деловен именик на Македонските бизниси
и професионални лица. MakBiz.net е комплетна дестинација за се што е Македонско,
вклучувајќи: Фирми, Професионални лица, Цркви, Здруженија, Едукативни институции,
Доброволни организации, Амбасади и Конзулати, Влада и Владини организации итн.
MakBiz.net е член на престижната група на компании “NAK“ лоцирана во Ричмонд Хил,
Онтарио, Канада. Оваа група на компании ја раководи Никола Кубуровски. Никола е горд
Македонец кој живее во Канада преку 35 години. Тој е активен учесник на Македонски
организации и црковни комитети уште од 1990. Негова желба е да ги доближи сите
бизниси и професионалци од Македонската комуна во Торонто, како и широм Канада, доведе
до формирање на Канадско - Македонската Деловна и Професионална Асоцијација. Во 1992 тој беше
представник на оваа организација на првиот Светски Македонски Конгрес кој се одржа во Скопје,
Македонија.
Продолжувајќи со позитивен придонес во Македонската комуна, Никола Кубуровски, ја оформи
Канадско-Македонската Деловна Мрежа во 1996 и го претстави првиот Македонски Деловен Именик
на интернет.
Во 1999 тој го направи и првото издание на Македонско-Канадскиот Деловен Именик и моментално
ја припрема следоната подобрена едиција
Користејќи ја моќта на интернет и на печатениот именик, Ник Кубуровски и Македонската Деловна
Мрежа се посветени на градење на цврста интернационална Македонска Деловна Комуна.
Со појавувањето на MakBiz.net, Никола е сега спремен да го превземе следниот чекор во промовирањето
и обединувањето на Македонските бизниси и комуни широм светот.
|